Реакција на тема: „БЕГ резервира мазут од Ратко Капушевски за цела грејна сезона во случај да снема гас за греење на скопјани“

Ги демантираме тврдењата наведени во објавата на IRL на https://irl.mk/beg-rezervira-mazut-od-ratko-kapushevski-za-tsela-grena-sezona-vo-slucha-da-snema-gas-za-greee-na-skopani/ со наслов

„БЕГ резервира мазут од Ратко Капушевски за цела грејна сезона во случај да снема гас за греење на скопјани“

Во објавата, до јавноста се пласирани голем број  невистинити и неточни информации за Балкан Енерџи Груп (БЕГ).  

Имено, од 2013 година, компаниите во групацијата БЕГ поседуваат лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на дел од територијата на град Скопје. Компаниите во рамките на групацијата управуваат со дејноста централно греење од почетокот на 2013 година, што всушност значи дека не може да се поврзува БЕГ со начинот на работење пред десет години, пред отпочнување на вршење на дејноста на компаниите. Уште еднаш ве информираме  дека топланите со кои управува БЕГ  целосно се гасифицирани во 2013 година. Од тогаш производство на топлинска енергија од страна на БЕГ се врши исклучиво со користење на природен гас како гориво.

Сакаме да истакнеме дека БЕГ АД и компаниите во рамките на групацијата работат исклучиво согласно законски и подзаконски акти донесени од страна на државните институциите.

Производство на топлина Балкан Енерџи има договор за набавка на природен гас за грејната сезона 2020/2021. Набавка на природен гас за тековната сезона е веќе обезбедена преку спроведена отворена постапка за јавна набавка.

Заради законската обврска од Законот за енергетика за сигурно, квалитетно и континуирано производство на топлинска енергија, вршителот на дејноста регулиран производител на топлинска енергија е должен да обезбеди примарно гориво (природен гас) и оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет. Заради законските обврски, секоја година, независно од постапките за набавка на природен гас, се спроведуваат и отворени постапки за јавна набавка на мазут. Рамковната спогодба склучена со РКМ ДООЕЛ е со времетраење до крајот на грејната сезона 2020/2021 и со истата се обезбедени количини за максимален режим на работа на нашите постројки за производство на топлинска енергија за греење.

Нагласуваме дека БЕГ оваа грејна сезона нема да користи мазут како гориво, доколку нема прекин на испорака на природен гас за топланите со кои управува нашата групација.

Доколку има прекин на испораката на природен гас, мазутот е алтернативно гориво кое ќе се користи по добиено одобрение од Министерството за животна средина. Периодот на користење на алтернативно гориво зависи од периодот на прекин на испорака на природен гас. Производство на топлина Балкан Енерџи е меѓу првите компании во државата која има добиено А – дозвола за усогласување со оперативен план и досега никогаш не ги надминала зададените гранични вредности дадени во дозволата. Согласно дозволата, Производство на топлина Балкан Енерџи може да користи алтернативно гориво само во случај на прекин на испораката на природен гас и по добиено одобрение од Министерството за животна средина.

Проектираните количини во отворената јавна набавка се индикативни максимални количини за работа на мазут, но не значат обврска за нарачка. Доколку нема прекин на испорака на природен гас, договорниот орган нема обврска да нарача, набави и да плати било какви количини на  мазут, што е и јасно нагласено во одредбите од Рамковната спогодба. Периодот за успешно завршување на една постапка за јавна набавка изнесува минимум од 30 до 40 дена и токму затоа е далеку поцелисходно и посигурно да се склучи Рамковна спогодба пред почетокот на грејната сезона, отколку да се спроведуваат ad-hoc тендери за одредени количини на мазут по пројавена потреба.

Во врска со изнесеното тврдење „БЕГ резервира мазут од Ратко Капушевски за цела грејна сезона во случај да снема гас за греење на скопјани изјавуваме дека Спроведени се две отворени постапка за јавна набавка објавени во домашни и меѓународни јавни гласила.  Првата постапка беше поништена поради тоа што не беше доставена ниту една понуда. На втората постапка економскиот оператор РКМ ДООЕЛ беше единствен понудувач и истиот ги исполнуваше бараните критериуми за лична, професионална и техничка способност и барањата за квалитетот на мазутот. Не е склучена Рамковна спогодба со Ратко Капушевски, туку со економскиот оператор РКМ ДООЕЛ Скопје, кој ја докажа бараната лична, професионална и техничка способност, кој нема негативна референца од системот за јавните набавки, а кој и меѓудругото ја исполнува во целост бараната техничка спецификација за предметот на набавка – мазутот.

Не е точна информацијата во текстот „Законот им дозволува само 15 дена годишно да трошат мазут наместо гас“.

Законот обврзува обезбедување оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет, а дозвола за работа топланите на мазут дава Министерството за животна средина.

Не е точна информацијата во текстот „Топланите работат на природен гас, а во изминатите години ова е прва набавка на мазут во волку голема количина. “ 

Секоја година од 2013 година, пред почетокот на грејната сезона, се спроведуваат тендерски постапки за доделување на рамковна спогодба за јавна набавка на мазут. Постапките се јавно евидентирани на електронскиот систем за јавни набавки.

Не е точна споредбата на цените во текстот „Иако РКМ била единствен понудувач, нивната цена би била несоборлива и со конкуренција. Капушевски договорил цена од 21,2 за килограм мазут. Препорачната цена, пак, на Регулаторната комисија е 25.8 денари по килограм мазут. “, бидејќи споредбата е правена меѓу цена мазут без вклучен ДДВ и цена со вклучен ДДВ.

Понудената цена на РКМ е 21.28 денари, додека максималната цена на РКЕ во периодот на поднесување на понудата е 21,997 денари (износите се без ДДВ). Во Рамковната спогодба постои клаузула за варијабилна цена, што значи дека соодносот меѓу понудената цена и максималната цена на РКЕ треба да биде запазен при секоја одделна испорака на мазут, доколку за истата се јави потреба.

Во врска со ограничувањето на испорака на природен гас, НЕ е точно дека сме изјавиле “дека Бугарија неколку дена нема да врши испорака на гас до Македонија”.  БЕГ ги извести своите потрошувачи дека, се најавени ограничувањa на испораката на природен гас од дистрибутерот АД ГА-МА, во периодот од 27 до 29 октомври. “Ограничување на испораката” не треба да се поистоветува со  “нема испорака”. Изјавата за испорака на гас е на АД ГАМА и истата е целосно преземена од јавно споделено соопштение на АД ГАМА.

 


Системот за централно греење со кој управува БЕГ АД е подготвен за почеток на грејната сезона 2020/2021

Компаниите во состав на групацијата Балкан Енерџи Груп АД Скопје, се целосно подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во претстојната грејна сезона 2020/2021. Согласно деловните и оперативните планови реализирани се сите планирани инвестиции, како и неопходните ремонти и подготовки на системот за централно греење.

 

Топланите каде се произведува топлинската енергија се целосно гасифицирани и автоматизирани, што значи дека централното греење e клучен фактор за решавање на аерозагадувањето во градот Скопје. Во делот на дистрибуцијата спроведени се интензивни ремонтни активности, со кои е постигната поголема стабилност, доверливост и енергетска ефикасност на дистрибутивниот систем. Со цел подобрување на услугата, континуирано се реконструира топловодната мрежа која е стара повеќе децении, намалени се загубите од истекување во системот како и топлинските загуби со имплементирање на модерен систем за мониторирање и брза детекција на дефекти. Како резултат на континуираната модернизација на системот за централно греење, квалитетот на услугата е значително подобрена. Токму затоа годинава, споредено со минатата година, бројот на нови потрошувачи е зголемен. Трендот на повторно приклучување се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди. Во интерес на јавното здравје, безбедноста на потрошувачите и вработените, како и справување со заканата од корона вирусот (КОВИД-19), воведена е електонската услуга „е-фактура“ со која фактурите за топлинска енергија потрошувачите ќе можат да ги добиваат по електронска пошта како и услугата BegEPay (Плати сметка) за електронско плаќање на фактурите на веб страната https://beg-snabduvanje.com.mk/.

Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација пред почетокот на грејната сезона и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. Апелираме до сите Управители односно Заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да  обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

За информации или интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи: http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/


Подготовки за почеток на грејната сезона

Потрошувачите, зaедниците на сопственици и управителите да проверат дали грејните инсталации во објектите се подготвени за грејната сезона

Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 120С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Компаниите во состав на групацијата БЕГ, се целосно подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија во грејната сезона 2020/2021.

Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација пред почетокот на грејната сезона и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

Апелираме до сите Управители односно Заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да  обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи:

http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/

Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.