Историјат


БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП беше основана во август 2012 година во Скопје со цел да ги покрие домените инвестиции, производство, трговија  и консултантски услуги во енергетскиот сектор во географскиот регион на Балканот, ставајќи го својот фокус на чувството за бизнис и визијата за раст и развој базирани на потенцијалот забележан во земјите на Балканот. Основањето на компанијата има за цел да создаде синергија меѓу барањето на можности за развој на бизнисот во земјата и во регионот на Балканот.

Ние сме посветени на развој и реализација на нови иницијативи, реформирање и рестартирање на постоечки, зајакнување на постоечките и создавање на нови вредности во понудените услуги и производи.

Од првиот ден на основањето на компанијата, БЕГ се фокусираше на ставање во функција на искуството од менаџментот во оптимизација на деловните процеси на компанијата ТЕ-ТО АД Скопје. ТЕ-ТО АД Скопје е најголемиот независен прoизводител на енергија во Македонија кој управува со гасната електрана со комбиниран циклус на производство на електрична енергија и топлина (ТЕ-ТО) со капацитет од 220 MW електрична енергија и 160 MW топлинска. БЕГ е задолжена да обезбеди помош во управувањето со електраната и нејзина интеграција во регионалниот и локалниот пазар на природен гас, електрична енергија и топлина со оптимизација на придобивките согласно пазарните можности.

Кон крајот на 2012 година, ние видовме можност и превземавме одговорност за продолжување на реализацијата на нашите идеи за развој на бизнисот во делот на снабдувањето со топлина. Ние ги посветивме нашите заложби на пазарот со топлина во Градот Скопје, Главен град на Република Македонија. Обединувајќи ги локалниот капацитет и знаења на пазарот со топлина во Скопје, искуството од услугите поврзани со областа топлинска енергија, како и искуствата стекнати во странство, БЕГ реши да стане активен играч во менаџирањето на снабдувањето со топлина на потрошувачте од Градот Скопје. БЕГ поднесе барање до Регулаторната Комисија за Енергетика Република Македонија (РКЕ) за добивање на лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлина на граѓаните  на Скопје, веднаш по објавувањето на отворениот повик за поднесување пријави од заинтересираните компании.

Почитувајќи ги сериозниот пристап и професионалниот капацитет, РКЕ на РМ му ги додели на БЕГ сите три лиценци:

  • за производство на топлина со рок на важност од 35 години,
  • за дистрибуција на топлина сорок на важност од 35 години,
  • за снабдување со топлина со рок на важност од 10 години.

пренесувајќи му ја на БЕГ одговорноста за работа и одржување на топланите, топловодната мрежа и снабдувањето на повеќе од 50.000 корисници.

БЕГ ја превзеде одговорноста за затоплување на Градот Скопје во средината на грејната сезона 2012/2013, поточно на 01.01.2013 година, што беше вистински предизвик земајќи ги во предвид чувствителноста и комплексноста на дистрибутивната мрежа на Скопје. Преминот беше успешен и БЕГ обезбеди непрекинато превземање на процесот осигурувајќи континуитет и стабилно греење на граѓаните на Скопје, јавните институции и деловните клиенти.