Развој на бизнисот


Развојните бизнис планови на БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП се фокусирани на обезбедување ефикасност и ефективност во менаџментот и стратешкиот развој на бизнис идеите во енергетскиот сектор во Македонија и на Балканот, што го позиционираат Друштвото во деловните сегменти на постоечката географска местополжба.

Балканскиот полуостров е многу привлечен регион за развој на бизнисот во енергетскиот сектор како електрична енергија, топлина, горива.

Обезбедената позиција и постоечките капацитети на Друштвото, сместено во регионот, обезбедуваат солидна платформа за раст на пазарот, бидејќи БЕГ бара деловни можности кои се во областите од интерес на Групата.

Самото име на Друштвото претполага дека ние сме посветени на остварувањето резултати и развој на бизнисот во различни комбинации на климатски и почвени услови, независно од се уште незавршените економски транзициски процеси и последиците од економската криза во регионот. Ние сме подготвени да ги ангажираме нашите капацитети и да го вложиме нашиот потенцијал во обезбедување услуги за комплексни проекти, за влегување во нови или во постоечки проекти со  вложување капитал.