Што работиме


Носечката дејност на Душтвото е во домените од енергетскиот сектор – инвестиции, производство, трговија и консултантски услуги.

Интересот на Друштво за инвестиции се движи од енргетски проекти на Балканот, вклучувајќи електрани кои работат на природен гас, електрани кои работат на јаглен, хидроелектрани и електрани кои работат на обновливи извори на енергија. БЕГ веќе учествуваше во развојни и тендерски процедури за неколку енергетски проекти во регионов.

Нашата инвестиција во обезбедувањето на греење за повеќе од 50.000 корисници во Скопје има за цел зголемување на квалитетот на топлината обезбедена за корисниците и обезбедување на доверливост во снабдувањето со топлина преку зголемување на ефективноста и ефикасноста на производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлина.

Ние ја координираме работата на дистрибутивниот систем и ТЕ-ТО АД Скопје е насочен кон постигнување на максимален ефект на енергетските системи, зголемен квалитет на енергетските производи и оптимални трошоци во корист на клиентите.

Друштвото обезбедува услуги за стратешко планирање во енергетскиот сектор врз основа на реални економски податоци и особено врз основа на анализа на пазарот на енергија.

Друштвото обезбедува поддршка и соработка со соодветните институции во текот на подготовката и спроведувањето на нови проекти, како и надзор при планирање и изградба на објекти.

БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП е посветено на развој и ширење на операциите и иницијативите во енергетскиот сектор во Македонија и на Балканот генерално во менаџмент и координација на планирањето и спроведувањето на деловните договори и соработки.

БЕГ е посветно на реализација на превземените обврски, иницијативи и работи исе заложи да ги вложи сите сили во исполнување на барањата и превземените обврски.