ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје е друштво чија основна и единствена дејност е производство на топлинска енергија во производствените капацитети, со цел снабдување на потрошувачите во градот Скопје преку дистрибутивниот систем. Компанијата поседува лиценца за производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител издадена од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, со период на важење од 35 години.

Основната дејност на друштвото Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје е преземање испорака на топлинска енергија до топлинските станици на објектите приклучени на дистрибутивната мрежа. Друштвото, енергетската дејност дистрибуција на топлинска енергија ја врши на подрачјето на градот Скопје, односно на делови од општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Карпош и Чаир, за што поседува лиценца, издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Лиценцата е со период на важење од 35 години.

Друштво Снабдување со топлина Балкан енерџи Дооел Скопје обезбедува сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа на подрачјето на град Скопје односно на делови од подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир. Друштвото поседува лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија, издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, со период на важење од 10 години. Енергетска дејност снабдување со топлинска енергија во смисла на оваа лиценца, се смета набавка и продажба на топлинска енергија на потрошувачите.

Основна дејност на друштвото Балкан Енерџи Секјурити Дооел Скопје е давање на квалитетни услуги на обезбедување со висок квалитет и професинализам, особено во сферата на обезбедувањето на енергетските објекти, пред се на своите правни субјекти во рамките на БЕГ, како и на други надворешни правни и физички лица согласно законската регулатива. Друштвото поседува дозвола за приватно обезбедување во вид на давање на услуги – физичко обезбедување, издадена од Министерството за внатрешни работи.