
Компаниите во состав на групацијата Балкан Енерџи Груп АД Скопје, се целосно подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во претстојната грејна сезона 2020/2021. Согласно деловните и оперативните планови реализирани се сите планирани инвестиции, како и неопходните ремонти и подготовки на системот за централно греење.
Топланите каде се произведува топлинската енергија се целосно гасифицирани и автоматизирани, што значи дека централното греење e клучен фактор за решавање на аерозагадувањето во градот Скопје. Во делот на дистрибуцијата спроведени се интензивни ремонтни активности, со кои е постигната поголема стабилност, доверливост и енергетска ефикасност на дистрибутивниот систем. Со цел подобрување на услугата, континуирано се реконструира топловодната мрежа која е стара повеќе децении, намалени се загубите од истекување во системот како и топлинските загуби со имплементирање на модерен систем за мониторирање и брза детекција на дефекти. Како резултат на континуираната модернизација на системот за централно греење, квалитетот на услугата е значително подобрена. Токму затоа годинава, споредено со минатата година, бројот на нови потрошувачи е зголемен. Трендот на повторно приклучување се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите за најдобра цена, согласно сите еколошки стандарди. Во интерес на јавното здравје, безбедноста на потрошувачите и вработените, како и справување со заканата од корона вирусот (КОВИД-19), воведена е електонската услуга „е-фактура“ со која фактурите за топлинска енергија потрошувачите ќе можат да ги добиваат по електронска пошта како и услугата BegEPay (Плати сметка) за електронско плаќање на фактурите на веб страната https://beg-snabduvanje.com.mk/.
Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација пред почетокот на грејната сезона и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. Апелираме до сите Управители односно Заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
За информации или интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи: http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/