Визија
БЕГ АД има за цел да се развие во сериозен фактор во енергетскиот сектор преку проширување на своето портфолио во инвестициони проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и одржлив развој, кои освен што ќе придонесат во енергетскиот развој на земјата, значајно ќе учествуваат во решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, со акцент на градот Скопје.
Наши цели:
- Ефикасен систем за централно греење, преку користење на обновлива енергија, отпадна топлина, топлина од комбинирано производство или нивна комбинација;
- Интеграција на дистрибутивната мрежа на подрачјето на Град Скопје
- Приклучување на нови корисници, зголемување на густината на топлинскиот конзум и проширување на топловодната мрежа со која управуваме на подрачјето на Град Скопје;
- Воведување на соларен систем за централно снабдување со санитарна топла вода во новоизградени објекти, со што граѓаните ќе добијат современ, конкурентен и еколошки супериорен начин на греење;
- Топлински загуби во дистрибутивната мрежа не поголеми од 7% до 2040 година.
Постојаните заложби за квалитет, подобрување на нивото на професионален однос на вработените и нивна континуирана едукација, како и имплементирање на енергетско-ефикасни решенија ќе придонесат за повисоко позиционирање на БЕГ АД на енергетскиот пазар.
Мисија
Мисија на БЕГ АД е да го одржи и подобри процесот на производство на електрична енергија и топлина, како и континуирано да придонесува за одржување на стабилен енергетски систем на Република Северна Македонија. Остварувањето на визијата е можно преку посветено професионално работење со ефикасно искористување на ресурсите, и поддршка од локалната самоуправа и сродните институции во процесот на имплементација на проектите кои ќе придонесат кон далекусежно намалување на загадувањето во градот Скопје и одржлив развој. Дополнително, земајќи во предвид дека Компанијата постои за корисниците, зголемувањето на доверба кај корисниците е од највисок приоритет и важност за Компанијата. Професионалноста, квалитетот и ефикасноста во исполнувањето на обврските резултираат во задоволни корисници. Во таа насока е и мисијата на компанијата, одговорно да продолжи со постојано унапредување на производниот систем систем за електрична енергија и топлина, со цел да обезбеди доверлив, енергетски ефикасен и високо еколошки прифатлив извор на енергија за корисниците.