Ние веруваме дека добрата корпоративна и социјална одговорност започнуваат со силна посветеност кон нашите колеги и вработени лица во Балкан Енерџи Груп, каде успехот најмногу зависи од способноста ефикасно и ефективно заеднички да се постигнат нашите цели.
Вработените во БЕГ ги даваат своите сопствени лични капацитети, збир од вештини, знаење и искуство кои се вредност за Друштвото. Ние сме посветенина создавањето синергија меѓу постоечкиот капитал во знаење и човечки капацитети зради создавање нови вредности. Ние им даваме можност за нивен професионален напредок со инвестирање во нивното професионално профилирање, ги мотивираме да го зголемат обемот на вештини кои ги поседуваат за да го извлечеме од нив лидерскиот и менаџерскиот потенцијал. Особено внимание им посветуваме на младите стручни лица на кои им недостасува професионално искуство, но ние го препознаваме нивниот потенцијал и инвестираме во создавање и зголемување на нивниот капацитет сметајќи ги за иднина на нашата компанија и нашата индустрија.