Историјат


БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП (БЕГ) е акционерско друштво во приватна сопственост, основано во 2012 година, во Скопје,  Република Северна Македонија. Основна дејност на друштвото е во домените од енергетскиот сектор – инвестиции, производство, трговија и консултантски услуги.

Во 2013 година, обединувајќи ги локалниот капацитет и знаења, искуството од услугите поврзани со областа топлинска енергија, како и искуствата стекнати во странство, друштвото ги реализираше идеите за развој на бизнисот во делот на производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлина. Компаниите во рамките на групацијата се стекнаа  со лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлина на подрачјето на градот Скопје, а Балкан Енерџи Груп стана активен играч на пазарот со топлинска енергија.

Од тогаш се до денес, БЕГ обезбедува сигурно производство на топлинска енергија во производствените капацитети, преземање и испорака на топлинска енергија до топлинските станици на објектите приклучени на дистрибутивната мрежа и квалитетно снабдување со топлинска енергија на повеќе од 60000 потрошувачи.