Со воведувањето на системот за управување со квалитет ISO 9001:2015, БЕГ АД со својот високостручен, професионален и посветен кадар се обврзува дека ќе продолжи:
- да обезбедува соодветни ресурси и техничка поддршка за имплементација на ефикасен систем за управување со квалитет;
- да се стреми кон континуиран развој и усовршување на процесите и услугите со цел оптимизација на профитот и континуиран напредок;
- успешно управувајќи со ризиците, да го менаџира своето работење преку прилагодување на условите и барањата на пазарот, со цел зголемено учество на истиот;
- да обезбедува оптимално користење на финансиски средства од една, и намалување сите видови на трошоци од друга страна;
- максимално да ги искористи сите свои расположиви технички и човечки ресурси во зголемување на производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлина на територијата на град Скопје, со што ќе го поддржува еколошкиот урбан развој на градот;
- да обезбедува постојано усовршување и развој на тимската работа, технолошки развој, како и мотивирање на вработените за активен придонес во унапредувањето на системот за квалитет и инвестирање во нивно надградување и усовршување преку постојани обуки и присуство на семинари;
- систематски да ја подигa свеста за системот за управување со квалитет кај вработените, подизведувачите и трети лица, во однос на аспектите на управување со енергијата и животната средина, како и проценка на ризикот за безбедноста и здравјето на луѓето и заштита на информациите;
- да ги исполнува барањата на важечката законска регулатива во Република Северна Македонија, договорните барања, барањата на локалната заедница и другите барања;
- навремено да обезбедува информации до заинтересираните страни.
Одржувањето на квалитетот е обврска на раководството, како и обврзен дел во работата на сите вработени. Секој вработен во компанијата е запознаен со политиката за квалитет, ја има прифатено и ја почитува како трајно начело во сопственото работење.