Развојни планови


Развојните бизнис планови на БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП се фокусирани на обезбедување ефикасност и ефективност во менаџментот и стратешкиот развој на бизнис идеите во енергетскиот сектор во Македонија како и на Балканот. Континуираното следење на новите технолошки достигнувања и нивна примена во работењето на ТЕ-ТО АД, како и компаниите Производство на топлина Балкан Енерџи, Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи и Снабдување со топлина Балкан Енерџи е показател за професионалноста и посветеноста на менаџментот и персоналот на БЕГ АД, а мотивот секогаш е исполнување на очекувањата на потрошувачите за сигурно, доверливо и непречено производство, дистрибуција и снабдување на енергија. Зависно од исплатливоста на проектите, БЕГ АД има стратегија и за инвестиции во обновливи извори на енергија не само во земјата, туку и во регионот.